Фото: Komiti Skopje

Почина Никола Јордановски – Чичо Коле, легенда на навивачката група Комити

Навивачката група на фудбалскиот клуб Вардар, „Комити Скопје“ го извести целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека во вторникот, 6 јануари, почина нивниот член Никола Јорданоски – Чичо Коле.

Никола Јорданоски – Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина:

Не постои утеха која што може да ја смири нашата болка што ја чувствуваме во моментов. Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина, многуте заеднички приказни на западната трибина и еден од иницијаторите за братството со Војводи.

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.
Никола Јорданоски – Чичо Коле. Засекогаш дел од нас! – стои во објавата на Комити Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот