Почина млад битолчанец кој синоќа побегнал од болница

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

По бегството, полицијата веднаш почнала да го бара, а го пронашла откако семејството на заболениот побарало помош, па го вратиле назад во болница каде што по кратко време починал откако докторите не успеале да му го спасат животот.

Триесет и петгодишниот битолчанец почина од коронавирусот, откако претходно избегал од Ковид центарот во Битола каде што бил хоспитализиран. По бегството, полицијата веднаш почнала да го бара, а го пронашла откако семејството на заболениот побарало помош, па го вратиле назад во болница каде што по кратко време починал откако докторите не успеале да му го спасат животот.

Немилиот настан се случила вчера. Од Министерството за здравство ги објавија и деталите за случајот за кој што велат дека пациентот на 13.11.2020 се јавил во тријажната амбуланта и пријавил симптоми на покачена телесна температура, кашлица, без РТГ наод за промени.

На пациентот потоа му била дадена терапија, но и препорака за самоизолација и закажување кај неговиот матичен доктор.

По три дена, повторно се јавил на преглед и му била дадена ампуларна терапија, но поради влошување на состојбата тој бил хоспитализиран во суспектни пациенти. На 17.11. 2020 година бил земен брис и добиен позитивен резултат на коронавирусот.

Пациентот вчера, на 18.11.2020 година избегал од одделот на болницата каде што бил хоспитализиран.

„За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР и директорот на КБ Битола како и епидемиологот. Во 18 часот пациентот бил донесен со возило на ИМП и медицинска екипа во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, тахидиспноичен, хипотензичен со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата и изразена цијаноза. Според кажувањата на медицинската екипа од ИМП пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел по што семејството повикало ИМП кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија која немала ефект по што е донесен на инфективното одделение. Од страна на дежурната екипа на Ковид одделот биле преземени реанимациски мерки, но без поволен терапевтски одговор. Во 18:45 часот настапила смртта со клиничка слика на тешка кардиореспираторна инсуфициенција и престанок на работа на срцето. Во системот не постојат внесени коморбидитети“, велат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот