Почина Мирко Илиевски, легендата на фудбалскиот клуб Вардар

Фото: vardarfans.mk

На 83-годишна возраст почина Мирко Илиевски, фудбалерот кој со Вардар имаше славни моменти, еден од најдобрите стрелци на клубот.

Еден од најзаслужните фудбалери за освојување на Националниот Куп на поранешна Југославија со Вардар во 1961 година.

Во финалето против Вартекс во Белград, асистираше при постигнувањето на првиот, а го реализираше вториот погодок на натпреварот што заврши со резултат од 2:1 и на тој начин Вардар стана шампион купот на поранешната Југославија.

Популарниот Брбале, како што беше познат меѓу вардаровите фудбалери и симпатизери, за тимот на Вардар настапувал осум сезони, од 1956 до 1964 година.

Запиша вкупно 325 натпревари и постигна 89 голови. Воедно Илиевски настапуваше и во двата премиерни натпревари за Вардар на европската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот