Почина Лорета Лин, легендата на кантри музиката

Фото: Flickr/Wikimedia Commons

Лорета Лин, ќерка на рудар и сопруга на криумчар на алкохол, која стана една од најголемите американски кантри-музички ѕвезди и водечка феминистка, почина во вторникот на 91-годишна возраст, објави нејзиното семејство на Твитер.

Лин починала во својот дом во Хурикејн Милс, Тенеси, беше соопштено.

„Нашата најдрага мајка, Лорета Лин, почина мирно утрово, на 4 октомври, во сон на нејзиниот сакан ранч во Хурикејн Милс“, се вели во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Loretta Lynn (@lorettalynnofficial)


Во светот на кантри музиката во кој доминираа мажите во 1960-тите и 1970-тите, Лин изгради репутација на феминистка од село која беше еднакво храбра и талентирана во нејзиното пишување песни. Во песната „Rated X“ таа пееше за нееднаквоста во односот меѓу мажите и жените, а песната „The Pill“ ја прослави сексуалната слобода којашто на жените им ја овозможи контрацепцијата. Лин пеела и за промискуитетни мажи – тема која и лично ја познавала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Loretta Lynn (@lorettalynnofficial)


Лин еднаш му рекла на новинарот дека радиостаниците забраниле 14 нејзини песни.

„Не бев првата жена во кантри музиката“, рекла таа за магазинот „Ескваер“ во 2007 година. „Јас бев само првата што застана таму и го кажа своето мислење, зборував за што е животот. Другите се плашеа“, рекла легендарната пејачка.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот