Фото: Инстаграм/Принтскрин

Почина легендарниот композитор Корнелие Ковач

Познатиот српски композитор Корнелие Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград.

Легендарниот музичар бил позитивен на коронавирус и бил сместен во ковид болницата во Батајница.


Корнелие Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја компонирал веќе на 14-годишна возраст – во 1956 година.

Откако бил во многу босански оркестри, тој се приклучи на најпопуларниот сараевски рок-бенд, „Индекси“. Со нив бил на двомесечна турнеја во Русија.

Корнелие Бата Ковач станал член на „Индекси“ во 1966 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dario Darko (@vinyl_manijak)


Во септември 1968 година, Корнелие се преселил во Белград, каде што ја основал групата „Корни“, која во 1974 година ја претставувала СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Kovac (@aleksandrakovac)


Корнелие Ковач пишувал музика за театар, филмови и телевизија.

Освен театар, филмови и телевизија, Корнелие Ковач ги напиша и некои од најголемите хитови на локални музички ѕвезди како што е Здравко Чолиќ („Април у Београду“, „Живиш у облацима“, „ Звао сам је Емили“, „Једна зима со Кристином“, „Јединствена“) , „Генерација 5“ ( „Ти само буди довољно далеко“), Лепа Брена („Јанош“, „Сањам“, „Ситније Циле, ситније“), Слаѓана Милошевиќ, Неда Украден, Златко Пејаковиќ, Маја Оџаклиевска, Даниела Панчетовиќ и многу, многу други.

Тој е татко на три ќерки – Александра, Кристрина и Ања и синот што го доби во вториот брак по смртта на првата сопруга Споменка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Kovac (@kristinakovac43)

Од Корнелие со емотивни зборови преку социјалната мрежа Инстаграм се прости и ќерката Кристина.

„Мојот татко“, напиша таа под неговата фотографијата од помладите денови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот