Почина култниот режисер Франко Зефирели – Слободен печат
ВестиКултура

Почина култниот режисер Франко Зефирели

Зефирели светската слава ја стекна во 1968 та година со филмската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“  за која беше номиниран за Оскар и телевизиската серија „Исус од Назарет“.

На 96 годишна возраст по долго боледување почина еден од најпознатите италијански филмски, театарски и оперски режисери Франко Зефирели.

Зефирели светската слава ја стекна во 1968 та година со филмската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“  за која беше номиниран за Оскар и телевизиската серија „Исус од Назарет“. Творештвото на Шекспир беше секогаш инспирација за него, вклучувајќи го и првиот филм на Зефирели „ Скротување на горопадицата“ во кој главните улоги ги толкуваа легендарната двојка Ричард Бартон и Елизабет Тејлор и „Отело“ на Верди со Пласидо Доминго.

Во 1992 та година го сними „Хамлет“ со Мел Гибсон и Глен Глоуз во главните улоги. Во богатата уметничка кариера на Ѕефирели се вбројуваат и над 120 режии во оперската дејност. Неговата режија на операта  „Тоска “ беше 40 години на редовниот репертоар на Лондонската кралска опера. Важеше за личност која имаше голема улога во популаризација на операта.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close