Клаудија Закржевска, Габриел Карингтон / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почина инфлуенсерката што беше прегазена со автомобил од пејачка по кавга пред ноќен клуб

Полската инфлуенсерка Клаудија Закржевска (32) од Есекс почина од повредите што ги доби откако друга инфлуенсерка ја прегази со автомобил по расправија пред лондонскиот клуб „Инка“ во раните утрински часови на 19 април. Таа беше итно префрлена во болница, но за жал, вчера беше прогласена за мртва. Пејачката и инфлуенсерка Габриел Прешус Карингтон (29) првично беше обвинета за обид за убиство на Клаудија, но полицијата вчера соопшти дека обвинението е променето во убиство.

 


Карингтон е позната во јавноста и како РИЕЛЕК. Како тинејџерка, во 2013 година се пласирала во финалето на британското натпреварувачко шоу „Икс фактор“, каде што била дел од женската група „Мис динамикс“, откако ги импресионирала Гари Барлоу и другите судии. Подоцна изградила кариера на социјалните мрежи, станувајќи и самата инфлуенсерка со повеќе од 362.000 следбеници на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RIELLE (@rielleuk)

Габриел Прешус Карингтон беше уапсена на местото на настанот под сомнение за обид за убиство, тешки телесни повреди, опасно возење и возење под дејство на алкохол. Сега истрагата и судењето добиваат друга димензија.

Главната инспекторка Алисон Фоксвел, која ја води истрагата, изјавила: „Сакаме да им изразиме најдлабоко сочувство на семејството и пријателите на Клаудија во светлината на овој трагичен развој на настаните. Нашите мисли се исто така со сите погодени од овој инцидент. Свесни сме дека овој случај предизвика голем интерес и дискусија на социјалните мрежи, сепак, апелираме до јавноста да се воздржи од понатамошни шпекулации. Исто така, бараме луѓето да не споделуваат вознемирувачки снимки, од почит кон најблиските на Клаудија и кон повредените.“

Во инцидентот беше повреден и 58-годишен маж, кој се здобил со повреди што му го промениле животот.

Полско-бразилската манекенка Клаудија, која имаше повеќе од 250.000 следбеници на Инстаграм, објавувала видеа од ноќниот клуб во неделата, кратко пред трагедијата.

Додека Клаудија се борела за живот, нејзината мајка се огласила преку страницата GoFundMe, која е покрената за собирање средства за медицински и правни трошоци. Во таа прилика напишала: „Мојата ќерка во моментот е во кома и очајнички се бори за својот живот. Ова е најразорниот период со кој нашето семејство некогаш се соочило. Секој што ја познаваше мојата прекрасна ќерка знае колку е таа навистина прекрасна. Таа допре до многу луѓе со своето чисто срце и добрина.“

Карингтон се појавила во судот во Вестминстер минатиот вторник, каде што и бил одреден притвор, а нејзиното следно појавување пред судот Олд Бејли е на 19 мај.

Инфлуенсерка прегазила друга инфлуенсерка по јавна расправија пред ноќен клуб во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот