Почина Франц Бекенбауер, еден од најголемите играчи во историјата на германскиот фудбал

фото: EPA-EFE/INGA KJER

Франц Бекенбауер, најдобриот фудбалер во историјата на Германија, почина денеска на 78-годишна возраст. Легендарниот фудбалер боледувал од Алцхајмерова болест која значително се влошила, а сега стигна веста дека починал.

Откако во јули не се појави на прославата на 33 години од освоената титула светски првак, почнаа да се шират гласини дека е тешко болен.

Неговото име ќе остане синоним за Баерн, каде за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои сè што можеше.

Како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа како селектор во 1990 година. Со Баерн четири пати ја освои Бундес лигата, три пати Лигата на шампионите, а во 1972 и 1976 година беше избран за најдобар играч во Европа како добитник на „Златната топка“.

Во 1977 година се пресели во Космос од Њујорк, а во 1980 година се враќа во Германија во екипата на ХСВ, со која го освои домашното првенство во 1982 година. Од 1984 до 1990 година беше тренер, а од 1994 до 2009 година Бекенбауер беше претседател на Баерн. Како спортски директор беше и во Олимпик од Марсеј.

Бекенбауер беше и остана меѓу најдобрите дефанзивци во историјата, а за националниот тим на Германија одигра 103 натпревари и постигна 14 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот