Фото: Фејсбук/Ферус Мустафов

Почина Ферус Мустафов, кралот на саксофонот

Македонскиот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов почина на 72-годишна возраст, по кратко боледување.

Тажната вест ја потврди неговата сопруга Јелена Мустафова, која во изјава за „Македонски медиа сервис“ раскажа дека сите се молеле за неговото здравје.

„Тој почина ноќеска, а лошата вест ни ја кажаа утрово. Ние сме скршени од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и дека ќе ни се врати. Но, за жал, ни замина. Пред некој ден ни рекоа дека е малку подобар и затоа се надевавме дека се ќе биде во ред“, изјави сопругата на Мустафов за „Македонски медиа сервис“.

Кралот на саксофонот, како што многумина го нарекуваа, ќе биде погребан во неговиот роден град, Штип.

„Тој многу пати велеше дека, кога ќе дојде судниот ден, сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме. Не можам да верувам дека ни замина. Секогаш беше силен, мислевме дека и сега ќе го насмине здравствениот проблем, ама толку било“, додаде таа.

Музичарот доживеа мозочен удар на 26 април и оттогаш беше хоспитализиран во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Како што споделија членови на неговото семејство, тој бил добар на почетокот, но потоа му се влошила состојбата и го ставиле во вештачка кома.

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година, во Штип. Тој потекнува од ромско семејство на музичари и беше син на познатиот Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски.

Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Внукот на Ферус Мустафов: Дедо ми не е починат, но се бори за живот во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот