Почина Драган Вучиќ

Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје.

Информацијата ја потврдуваат негови блиски како и наши извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за смртта се компликации од коронавирусот.

Мартин Вучиќ, синот на Драган Вучиќ, во кус телефонски разговор за Слободен печат ја потврди информацијата.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година. Во девесетите беше дел од поп-фолк групата „Кода“. Вучиќ е познат во јавноста и како водител на многу квизови, како „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“ и други.

Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. „За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот