д-р Христијан Писевски / Фото: Фејсбук

Почина доктор Христијан Писевски, од клиниката „Жан Митрев“ се простија од својот млад колега

Приватната клиника „Жан Митрев“ денеска соопшти дека починал д-р Христијан Писевски, специјалист по гастроентерохепатологија и долгогодишен член на нивниот медицински тим.

„По долго боледување почина д-р Христијан Писевски-специјалист гастроентерохепатолог. Тој беше посветен лекар и голем професионалец во својата област. Како драг колега ќе остане во нашите сеќавања.

Д-р Писевски беше ценет лекар со повеќе од една деценија професионален ангажман во областа на гастроентерохепатологијата. Колегите и пациентите го паметат по неговата стручност, пристапност и исклучителна грижа за секој пациент“ велат од клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот