Почина актерот Дарен Кент, познат по улогата во „Game of Thrones“

Дарен Кент / Фото: Инстаграм

Британскиот актер Дарен Кент почина на 36-годишна возраст, пишува „Мирор“.

Кент почина по долга борба со болеста, а покрај него биле семејството и најдобриот пријател. Тој се соочуваше со остеопороза, артритис и исклучително ретко кожно пореметување.

Актерот на многумина им е познат по неговата епизодна улога во телевизиската серија „Game of Thrones“ во 2014 година, а имаше улоги и во телевизиските серии „Green Fingers“ и Malpractice, а и во сапуницата „EastEnders“.


Тој соработуваше со големи холивудски имиња како Кристен Стјуарт и Кифер Сатерленд.

Неговата прво појавување на големото платно беше во филмот „Mirrors“ од 2008 година, со Бен Карсон во главната улога.

„Дарен не само што беше талентиран актер, режисер и писател, тој беше навистина еден од најљубезните луѓе. Беше привилегија да се работи со него”, соопштија од лондонската агенција „Кери Дод Асошиејтс“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот