Почина актерката Робин Григс на 49 години, долго се бореше со тешката болест

Фото: Профимедиа

Американската актерка Робин Григс почина во саботата, на 13 август на 49-годишна возраст, а пред смртта се борела со лоша болест –  рак на грлото на матката.

Веста е објавена на нејзината официјална страница на Фејсбук.

„Здраво на сите, со голема тага ве известувам дека Робин почина. Меѓутоа, таа повеќе не страда, а би сакала да се сеќаваме на тоа и да ја паметиме само по убави работи. Никогаш нема да заборавам колку таа беше отворена и колку беше подготвена да ја сподели својата приказна, како и да ја прифати мојата помош да ја раскаже. Сакаше да им помогне на луѓето и да зборува за тоа што ѝ се случува. Беше чест да се биде дел од тоа. Почивај во мир пријателке, те сакам и се смеам кога ќе помислам на тебе.“

Фото: Профимедиа

Робин Григс беше актерка во сапунски опери. Таа беше Стефани Хобарт во „One Life to Live“, а потоа ја играше Меги Кори во „Another world“. Таа го напушти светот на сапунските опери во 1995 година, но се врати на актерството во раните 2000-ти, кои ги одбележа со улогите во хорор филмовите „Dead Clowns“ и „Slashers Gone Wild“. Стана една од редовните ученички на конвенциите за хорор.

Таа глумеше во детски претстави пред да се префрли на телевизија и филм. Пеела, а објавила и концептуалниот рок албум „Love’s Young Nightmare“ од 2004 година.

Фото: Профимедиа

Зад себе го остави сопругот Мајкл Вајли, со кој се омажи во 2013 година. Таа се бореше со ракот во последните 2 години, а на веб-страницата Go FundMe успеа да собере 19.000 долари за да ги плати болничките сметки и лековите бидејќи повеќе не беше во состојба да работи.

Во февруари годинава таа изјави дека хемотерапијата не реагира, па почнала со имунотерапија. За жал, подоцна објави дека има четири нови тумори и дека се враќа на хемотерапија. Робин се обиде да ја сподели својата приказна и колку е важно да се оди на прегледи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот