Победија на сите 27 натпревари, но залудно! (ФОТО)

фото: твитер

Заменик капитенот на Џерси Булс истакна дека можеа од ФА да почекаат уште малку, на крајот за џабе сиот труд, многу тешко се прифати конечната одлука.

Поради пандемијата на коронавирусот го имаме можеби најголемиот губитник оваа фудбалска сезона. Станува збор за англискиот нисколигаш Џерси Булс.

ФА пред неколку дена донесе одлука да се поништат сите сезони под шестата лига во англискиот фудбал што значи дека нема испаѓања и промоции, па одличната сезона на Џерси Булс беше залудна.

Инаку Џерси Булс се натпреварува во деветтиот ранг на англискиот фудбал и до прекинот имаа максимален учинок, односно на 27 натпревари остварија исто толку победи.

– Тешко е тоа да се прифати. Фудбалот сега треба да биде запрен поради сето ова што се случува. Здравјето и сигурноста се на првото место. Но, без оглед на тоа многу напор е вложен, како без причина ја игравме сезоната, така се чувствуваме – рече заменик капитенот, Лук Кембел за „Скај Спортс“.

Воедно Кембел додаде дека ФА можеше да почека уште некое време, па донесе конечна одлука во договор со секоја лига. Џерси Булс имаше 20 бодови предност пред Фарнхам Таун и беа пред промоција во повисок ранг.

Во слична ситуација може да се најде и екипата на Ливерпул која имаше 25 бодови предност во однос на Манчестер сити и беше многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата после 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот