По успехот со „Опенхајмер“: Кристофер Нолан и неговата сопруга Ема Томас ќе ги добијат титулите витез и дама

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Филмскиот режисер Кристофер Нолан и неговата сопруга, продуцентката Ема Томас, ќе ги добијат титулите витез, односно дама. Владата објави дека двајцата се наградени за нивните заслуги во филмската индустрија и уметноста, пишува Би-би-си.

Претходно овој месец, Нолан го доби својот прв Оскар за најдобар режисер за „Опенхајмер“, филм за таткото на атомската бомба. Тој филм, кој го продуцираше Томас, а на годинашното доделување на наградите освои најмногу Оскари, вкупно седум.

„Мислам дека секој од нас кој снима филмови сонува за овој момент. Но, изгледаше толку малку веројатно дека тоа некогаш навистина ќе се случи“, рече Томас на церемонијата на доделувањето на Оскарите.

Режисерот Нолан претходно беше номиниран за шест Оскари, но никогаш досега не добил Оскар за режија.

Покрај „Опенхајмер“, продуцентката Томас работеше и на голем број други филмови за Нолан, вклучувајќи ги „Тенет“, „Данкирк“, „Интерстелар“, „Темниот витез“, „Несоница“, „Мементо“…

Двојката се запознала додека биле студенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон и се венчале во 1997 година. Тие имаат четири деца и живеат во Лос Анџелес.

Кристофер Нолан стана најплатениот режисер на сите времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот