По „Соберана 2“, одобрена и „Абдала“: Куба бара доброволци за тестирање на својата втора анти-ковид вакцина

Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Кубанскиот здравствен регулатор ја одобри втората локално развиена вакцина против ковид-19 за последната фаза на клиничките испитувања.

Вакцината се вика „Абдала“ и именувана е по поема на кубанскиот национален херој Хозе Марти. Вакцината, како и првата локална вакцина „Соберана 2“, е насочена кон шилестиот протеин на коронавирусот.

Властите бараат 48.000 волонтери на возраст од 18 до 80 години за тестирање на новата вакцина. Тестовите ќе завршат во јуни, а првите резултати ќе бидат објавени во август.

Островската држава регистрира 600-1.000 нови случаи на ден, далеку повеќе од неколку нови случаи пред една година. Од почетокот на пандемијата, Куба регистрира повеќе од 64.000 случаи на инфекција и над 380 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот