По реакциите за сличностите на уметничкото дело со бугарското знаме ќе се менува евровизискиот спот на Гарванлиев

youtube/printscreen
youtube/printscreen

По бурните реакции на јавноста и бројните евровизиски фанови ќе се менува дел од официјалниот спот на нашиот претставник за песната „Here I stand“. Спорниот кадар во кој се појавува уметничкото дело од поставката во Даут пашиниот амам чии бои асоцираа на бугарското знаме ќе биде отстрането од спотот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Делото околу кое се „крена прашина“ е креација на авторката Жанета Вангели, а истото повеќе нема да биде дел од спотот изјави нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев, кој во своето последно обраќање по одлуката за промената на официјалниот спот вели:

Ексклузивно за Слободен печат – Васил Гарванлиев: Некој очигледно сака да прави скандали без потреба

„Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)


„Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме, така и ќе остане“, го завршува своето обраќање Гарванлиев преку социјалните мрежи упатено до целата јавност и сите негови фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот