По поразот од Андора, младите фудбалерки во Струмица загубија и од Косово
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години го заврши настапот на УЕФА развојниот турнир во Струмица со пораз од 2-1 од селекцијата на Фудбалска репрезентација на Косово.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По првото полувреме без голови, гостинките го отворија резултатот во 58. минута преку Олса Кучи, а во 79. минута Леона Малоку зголеми на 2-0. Македонија успеа само да го ублажи поразот во самиот финиш, кога во последната минута Елена Наумоска постигна погодок за конечни 2-1.
Избраничките на селекторката Катерина Милеска на турнирот забележаа една победа (Сан Марино), еден пораз (Косово) и еден натпревар кој го загубија по изведување пенали, откако по 90 минути игра резултатот бeше нерешен (Андора). Со ваквиот учинок, Македонија го освои третото место.
Турнирот во Струмица беше искористен како важна проверка за новата генерација фудбалерки, кои треба да се вклучат во натпреварувачкиот систем на УЕФА во следниот период.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
24мин
-
27мин
-
42мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


