Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

По поразот на изборите Орбан се повлекува од парламентот, енергијата ќе ја насочи кон обновување на Фидес

Претседателот на партијата „Фидес“ – Унгарски граѓански сојуз и премиер во заминување, Виктор Орбан изјави дека ќе се откаже од пратеничкото место, што го освои на парламентарните избори одржани на 12 април. Тој истакна дека е подобро енергијата да ја насочи на „обновување на националното движење“ отколку на седење во парламентот, пренесува „Ле Монд“.

Орбан истакна дека пратеничката група на „Фидес“ ќе ја води неговиот шеф на кабинет Гергеј Гујаш.

Тој наведе дека на состанокот на неговата партија биле донесени неколку важни одлуки, меѓу кои и реструктурирање на парламентарната група на Фидес, а новата група што ќе биде формирана в понеделник.

-Мандатот што го освоив како лидер на листата „Фидес“ е всушност парламентарниот мандат на Фидес, па затоа решив да го вратам. Сега не требам во парламентот, туку во реорганизацијата на националната партија“, рече Орбан.

Тој посочи дека раководството на партијата препорачало да продолжи со својата работа како лидер на Фидес.

– Ако партискиот конгрес ми верува, јас сум подготвен за задачата, наведе Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот