По Пендаровски и Османи најави консултации дали Димовски ќе замине во Париз

Виктор Димовски, директор на АНБ / Фото: Архива на Слободен печат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз, по случајот со државјанството на Олесандр Онишченко.

„Слободен печат“ веќе објави дека шефот на државата прво на консултации ќе ги повика министерот за надворешни Османи и премиерот Димитар Ковачевски за да пресечат дали Димовски ќе замине на амбасадорската функција во Париз.

-Процедурата е до фаза кога треба да помине во Собрание во Комисија за надворешна политика, бидејќи е добиен агреманот, одбранети се тезите и треба да оди во Комисија за надворешна политика. Меѓутоа, како што знаете и претседателот иницираше процес на консултации помеѓу претседателот, премиерот и мене, како министер за надворешни работи, за да ја процениме состојбата после овој развој на настани и после ќе донесеме на одлука. Досега нема донесена одлука по однос на амбасадорот, но верувам наредните денови ќе имаме таква консултација – изјави Османи.

Министерот потенцира дека треба да биде донесена политичка одлука, како и дека нема да се чекаат резултатите од истрагата.

– Сигурно дека резултати од истрагата ќе ни помогнат во нашата одлука, но сепак тука се работи за политичка одлука и за политички консултации – изјави на средбата со новинарите Османи.

Од Кабинетот на шефот на државата за „Слободен печат“ изјавија дека Пендаровски ќе изврши дополнителни консултации дали ќе даде виза ексдиректорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Димовски, да замине за амбасадор на Македонија во Франција.

– Независно од фактот што Република Франција пред неколку месеци даде агреман за поставување на Виктор Димовски за амбасадор на Република Северна Македонија во Париз, претседателот Пендаровски смета дека поради најновиот развој на настаните потребно е да се направат дополнителни консултации со кабинетот на премиерот и Министерството за надворешни работи – велат за „Слободен печат“ од кабинетот на Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот