По кратко боледување почина актерот Бен Крос на 72-годишна возраст

Фото: Профимедиа

По кратко боледување актерот Бен Крос почина во Виена на 72-годишна возраст, потврди неговата ќерка на Фејсбук, пренесува „Гардијан“.

„Со скршено срце ја споделувам со вас веста дека мојот мил татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе извесно време, но последните неколку недели неговата здравствена состојба се влоши“, напиша таа.

Англискиот актер Крос кој беше најпознат по улогата на британскиот олимписки спортист Харолд Абрахамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар, е роден во Лондон во 1947 година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот