По горчливиот развод: Поранешната сопруга на Кевин Костнер се сврши со неговиот поранешен пријател
Кристин Баумгартнер, дизајнерка и поранешна сопруга на познатиот актер Кевин Костнер, се сврши со неговиот поранешен пријател Џош Конор, само неколку месеци по нивниот развод.
Препорачано
Бракот на Костнер и Баумгартнер, кој траеше 20 години, беше финализиран во мај 2023 година. Истата година, Кристин започна врска со Џош.
Според информациите што ги објави „Пипл“, парот се свршил на 26 јануари за време на приватна вечера во Санта Барбара.
„Врнеше, па никој не беше на плажата кога Џош клекна на едно колено и ја запроси“, рекол извор близок на парот.
Дополнително, изворот додал дека семејството и пријателите не биле изненадени од свршувачката, бидејќи Кристин и Џош претходно го поминале Божиќ заедно, што го означило почетокот на нивната врска.
„И двајцата се исклучително среќни и возбудени за нивната заедничка иднина“, додал изворот.
Да потсетиме, Кристин и Кевин пред 11 месеци ја завршија турбулентната постапка за развод, во која интензивно се бореа за старателство над своите деца, но и за финансиска поддршка. Иако и двајцата побарале заедничко старателство над нивните три деца, Баумгартнер добива повеќе од 60.000 долари алиментација месечно од нејзиниот поранешен сопруг, иако таа бараше многу повеќе.


