По две предупредувања на Град Скопје: Почната е постапка за присилна наплата на даноци за 2019 година, следува блокада на сметки

Град Скопје ги известува граѓаните дека, во согласност со одредбите од Законот за даноци на имот, почнa постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишен данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица што вршат дејност на територијата на град Скопје.

Од Град Скопје појаснуваат дека доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки во банките.

– Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски. Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картичка, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати, истакнуваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот