Граничниот премин „Делчево“ кон Бугарија / фото: архива

По 15 минути се чека на ГП „Делчево“, поради проверки од бугарска страна за патниците без ЕУ пасош

Поради електронското внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково се бележи зголемено задржување на возилата.

Патници кои патуваат кон Бугарија информираат дека поради дополнителните проверки на бугарска страна, едно возило се задржува околу 15 минути, што создава колона од возила долга приближно еден километар.

„Секој патник што нема европски пасош се внесува во систем – се прават фотографии и се земаат отпечатоци, па затоа има чекање“, велат патници на преминот.

Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а задржувањата се резултат исклучиво на процедурите што се спроведуваат на бугарска страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот