По 14 години во Штип се воведува автобуски градски превоз

Штип / Фото: МИА

Штипскиот градоначалник додава дека до сега Штип немал градски автобуски превоз, бидејќи фирмите не биле заинтересирани, но и од страна претходните локални власти немало ниту обиди за реализација на овој проект.

Штип по 14 години ќе воведе општински автобуски превоз. На денешната седница на Советот на Општинатa која се одржа по електронски пат, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски ја образложи pредлог одлуката за општински линиски превоз на патници на територија на Општината.

Градоначалникот за МИА вели дека ова барање постојано го слуша од страна на граѓаните во руралните средини, но и низ населбите во градот. Затоа, како што појасни, по 14 години општинскиот линиски превоз повторно ќе се стави во фунција.

– Паралелно со обезбедувањето на превозот на учениците, чија тендерска постапка е во тек, ние ја започнуваме и според изменетите законски регулативи и ја започнуваме исто така и постаопката за општински линиски превоз. Со што денеска е донесена одлуката на Совет, а во втора фаза веднаш нашиот сектор за сообраќај и инспектори ќе работат на вториот чекор, а тоа е повик кон сите заинтересирани превозници да се вклучат во овој општински линиски превоз, рече Бочварски.

Тој смета дека граѓаните на Штип со воведувањето на автобускиот превоз ќе имаат уште едно решение за превоз низ нивните населби и централното градско подрачје.

Штипскиот градоначалник додава дека до сега Штип немал градски автобуски превоз, бидејќи фирмите не биле заинтересирани, но и од страна претходните локални власти немало ниту обиди за реализација на овој проект.

– Ова е потреба на граѓаните, Општината ќе направи се за да се реши овој проблем. Во колкав обем, со какви возила ќе бидат апсолутно треба да ги запазуваат сите законски критериуми, но тоа ќе оставиме да ги направат анализите од нашите служби заедно со компаниите, коишто би имале интерес да се јават на овој повик, рече Бочварски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот