„ПНВ Публикации“ ја промовираше збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

Неодамна од печат излезе збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева, во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Збирката содржи седумнаесет раскази, меѓу кои и првонаградениот расказ на Конкурсот за најдобар краток расказ за 2021 г. распишан од „Нова Македонија“, расказот „Ронка леб“. Објавата на збирката е поддржана од Министерството за култура.

Промоцијата на збирката се одржа на 17 мај во Културно-информативниот центар ‒ Скопје. Промотор беше проф. д-р Владимир Мартиновски, а книгата низ разговор со авторката ја претстави и Јулијана Величковска. „Луѓенца“ ќе биде промовирана и на 18 јуни во кафе и бар „Шила“ во Охрид, а промотор ќе биде Сашо Огненовски.

– „Луѓенца“ од Лилјана Пандева е книга составена од седумнаесет исклучително впечатливи (навидум едноставни) мајсторски раскажани необични приказни за навидум „обични“ ликови. Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилна поврзаност меѓу приказните, така и со раскошната палета на наративни стратегии – истакна Владимир Мартиновски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 129, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-22 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот