Фото: ФК Работнички

ПМФЛ: Работнички броеше до седум против Шкупи

Фудбалерите на Работнички остварија убедлива победа од 7:0 против Шкупи во натпреварот од 32 коло во Првата македонска лига кој се одигра на Националната Арена, а формално гостин беше клубот од Дебар Маало.

Тимот на Муарем Муарем покажа доминација, Матеј Ангелов го отвори резултатот во 16 минута, на асистенција на Мерџани, а Талаков зголеми на 2:0 во 31 минута.

Сухељ Мухарем беше стрелец на третиот гол, а до крајот на првиот дел голови постигнаа и Талаков и Мехмед.

Во второто полувреме Сухељ Мухарем погоди за 6:0, а серијата голови ја затвори Мартин Талаков.

На табелата во шампионатот Работнички е на 10 позиција со 33 бодови, додека Шкупи е на последната 12 позиција со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот