Плус сајз манекенката откри зошто морала да ја крие бременоста на работа (ФОТО)

Ешли Греам, една од најпознатите плус-сајз манекенки на својот Инстаграм профил откри зошто на работа морала да ја крие својата бременост.

Работела до третото тромесечје, а на тоа се присети со фотографија од еден сет, на кој се преправала дека не е бремена.

– Обид да се сокрие четири-месечна бременост на сет за долна облека – напишала Ешли во описот на фотографијата.

Имено, раката ја ставила преку стомакот, со цел да ја сокрие бременоста бидејќи за тоа дотогаш никој не знаел.

View this post on Instagram

Mom+Dad

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Да се потсетиме, Ешли синот Исак го роди на 20-ти јануари оваа година, а на социјалните мрежи секојдневно споделува фотографии за реалниот живот на една мајка. Бројни обожавателки под фотографиите и оставаат комплименти и се благодарни бидејќи таа пишува за мајчинските проблеми.

View this post on Instagram

same me. few new stories.

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот