Пливач намерно ќе се допингува за да подобри светски рекорд и за тоа ќе добие еден милион долари!?

EPA-EFE/DAVE HUNT

Австралиецот Џејмс Магнусен планира да учествува на таканаречените „Засилени игри“ на кои е дозволен допингот, за да плива побрзо од светскиот рекорд на 50 слободно. Рекордот нема да биде признат, но, поранешниот светски првак ќе биде богато награден

Поранешниот светски првак во пливање Џејмс Магнусен вели дека ќе земе допинг во обид да плива побрзо од светскиот рекорд во дисциплината 50 метри слободно.

Австралиецот (32), кој беше пензиониран, ќе се реактивира во пливањето за да се натпреварува на таканаречените „Засилени игри“, на кои е дозволен допинг.

Магнусен ќе се обиде да плива побрзо од рекордот на 50 метри слободно, иако тоа нема да биде официјално, бидејќи нема да има режим на тестирање на допинг.

– Ќе стиснам заби, ќе тренирам, ќе го соборам за шест месеци – рече Магнусен, кому за ова ќе му биде платен еден милион долари.

Светскиот рекорд на 50 метри слободно за мажи од 20,91 секунди беше поставен од Бразилецот Сезар Сиело во 2009 година, иако тогаш пливачот носеше костим од синтетичка материја, кој беше забранет неколку месеци подоцна.

„Засилените игри“ се основани од австралискиот бизнисмен Арон Д’Соуза во 2023 година и нема да подлежат на правилата на Светската антидопинг агенција.

Планирано е да се вклучат спортовите атлетика, пливање, кревање тегови, гимнастика и борбени спортови, иако сè уште не е одреден датум или место за настанот.

И покрај тоа што е слободен да зема каков било допинг за подобрување на перформансите, Магнусен вели дека ќе биде внимателен.

Тој освои светски титули на 100 метри слободно во 2011 и 2013 година и олимписко сребро во Лондон 2012 година, има личен рекорд од 21,52 на 50 метри што го постигна пред 11 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот