Плејбојот од Инстаграм: некогаш осуден на затвор, денес Џанлука Ваки живее во луксуз со 27-годишната девојка

фото: Инстаграм

Со своите видеа на кои постојано танцува, ги воодушевува следбениците на инстаграм-профилот, а дека е вистински мајстор за забава и плејбој, докажува и неговата приказна

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (53) предизвикува големовнимание со своите видеа на кои покажува во каков луксуз живее со своето семејство. Популарниот плејбој со весел дух, кој во 50-тата година ги напушти сите бизниси за да го живее животот со полни гради, многу е популарен на социјалните мрежи. Нема некој да не се сеќава на снимката на која танцува во друштво со две млади убавици, која го запали интернетот. Шармантниот хедонист на Инстаграм има над 20 милиони следбеници, а тој редовно со нив споделува фотографии од патувањата на кои лудо се забавува.

фото: Инстаграм

Пропаднат бизнис и затворска казна

Џанлука Ваки е роден во Болоња каде што дипломирал на Универзитетот за економија и бизнис, по што работел како претприемач во различни области – од туризам до мода. Тој бил шеф на компанија за производство на автоприколки и член на Управниот одбор на фармацевтската компанија „Фин Ваки финацијарија Ваки“. Но работите не оделе лесно. Имено, по еден пропаднат бизнис и пропаст на компанијата во чиј банкрот бил вмешан, тој осуден е на 3,5 години затвор. Пради долг од 10,5 милиони евра, банката му ги запленила луксузните и раскошни вили и јахти, како и акциите во голф клубот.

– Тоа е само мал, неважен долг – изјави Лука, чие семејство поседува фармацевтска компанија, која без разлика на добрата заработувачка очигледно не може да го покрива неговиот екстравагантен начин на живот.

Во 2011 година по една многу тешка фаза во животот, нови одлуки го довеле до денешното богатство, кое се проценува на околу 450 милиони американски долари и кое непрекинато расте.

фото: Инстаграм

Љубов на прв поглед

Некогашниот бизнисмен, диџеј и ѕвезда на социјалните мрежи Џанлука Ваки ужива со 27 години помладата свршеница Шерон Фонсека во раскошната вила во Мајами Бич на Флорида. Недвижнината е целата во бела боја и земјени тонови, полна со светлост, додека наместо ѕидови секаде има лизгачки врати за да присутните уживаат во неверојатниот поглед. Кон крајот на 2020 година тие добија ќерка што ја крстија Блу Ерусалема, а за неа Џанлука приреди спектакуларен дочек и тоа го сподели на Инстаграм. Подоцна се дозна дека малата е родена со спина бифида- расцепено непце, поради што беше подложена на операција.

Со Шерон се запознале на снимањето на еден музички спот, кога се вљубиле еден во друг. Исто така, двајцата постојано истакнуваат дека воопшто не им пречи разликата во години, па се шегуваат дека Џанлука има енергија на 15-годишно момче.

Ваки е познат и по екстравагантниот и безгрижен живот на плејбој, здравиот начин на живот и љубов кон скапите мотори и луксузни автомобили. Ужива да го поминува времето на своите јахти и во посети на егзотични места. Малку е познато дека тој професионално игра еден вид билјард наречен снукер.

фото:Инстаграм

Безуспешна уцена

Пловејќи со својата јахта во близина на Сардинија, во една пригода се соблече цел гол, што го забележале луѓе со камери, па се обиделе да го уценуваат, за што тој воопшто не се загрижил. Познат е и по ексцентричниот начин на облекување, кое подразбира одела со специфични бои и дезени, уникатни чизми и чевли, а посебно сака да го поминува времето во фини пижами и босоног. Целото тело му е прекриено сотетоважи, кои едноставно ги обожава.

Пред да се смири со Шерон, Ваки честоги менуваше девојките. Џанлука е познат по многубројните таленти, од кои се истакнува неговата љубов кон танцот, особено музиката, односно тој е успешен диџеј.

„Мојата филозофија заснована е на свесноста за тоа дека имаме еден живот. Треба напорно да работиме, а при тоа да не заборавиме да сонуваме, да бидеме луди и иронични. Имајте на ум дека луѓето што не сакаат не се сериозни луѓе“, е неговата животна филозофија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот