Фото: rawpixel / CC 1.0

Платите на наставниците не се покачија, партиите си ја префрлаат одговорноста

Откако наставниците ќе ја почнат новата учебна година со истите непокачени плати, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно за тоа кој е виновен за таквата состојба. Од владејачката партија коментираат дека протестот што СДСМ го организираше денеска бил фијаско, а од СДСМ возвраќаат дека единственото фијаско биле политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наставниците знаат дека СДСМ се лицемерни зашто во времето на нивното владеење кое заврши пред 2 месеци можеле да ги зголемат платите но не го направиле тоа. Денешниот собир на просветни работници пред МОН организиран од СДСМ е фијаско, смета ВМРО-ДПМНЕ и ветува дека покачување ќе има од март 2025 година.

Од СДСМ возвратија дека единственото фијаско биле погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во сите сфери на почетокот од владеењето.

– СДСМ без помпа и слободно излезе денес да ги поддржи наставниците кои бараат повисоки плати кои ги заслужуваат. Притисоците кои го прави ВМРО-ДПМНЕ и навредите кон оние кои се противат на лошите политики се одраз на стравот од оние кои се надеваа на праведност и почит – просветните работници. Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно, а наставниците ги понижија, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека иако ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветувале повисоки плати за наставниците, сега се сменила плчата.

-Иако им ветуваа поголеми плати на наставниците како опозиција, само што седнаа во фотелјите ја сменија плочата и сега велат нема пари. Тоа веќе не е фијаско туку се вика лажење. СДСМ 7 години ги покачуваше платите на наставниците дури и во ковид кризата и за време на енергетската криза. Секој септември се покачуваа платите на наставниците и кумулативно зголемувањето достигна 55 проценти. Мицкоски и ДПМНЕ го погазија достоинството на наставниците кои се клучна алка за подобар образовен процес на идните генерации. Доста се правдате и лажете по прес конференции од белиот дворец, земете работете и покачете ги платите на наставниците“, велат од партијата во реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот