Планот на Челси во зимскиот преоден рок, три екстра засилувања

EPA/WILL OLIVER

Доколку успеат да ги реализираат трансферите, „сините“ ќе станат една од најсилните англиски екипи во вториот дел од сезоната.

Откако спортскиот арбитражен суд во Лозана им ја укина казната, Челси планира големи трансфери во зимскиот преоден рок. Засега буџетот изнесува нешто повеќе од 150 милиони евра за купување на тројца фудбалери, по еден во одбраната, средниот ред и нападот.

Иако постојано се говореше во медиумите дека менаџерот Френк Лампард во јануари ќе тргне по фудбалерот на Лестер, Бен Чилвел, прва мета е дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Лампард смета дека Алаба може да игра на сите позиции во одбраната, а исто така може да биде корисен и во средниот ред. Единствен проблем е што Баерн Минхен бара најмалку 80 милиони евра за да го пушти австрискиот репрезентативец. Освен Челси, голем интерес за услугите на Алаба имаат и Реал Мадрид и Манчестер сити.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Проблемите со реализацијата, Лампард планираше да ги реши со купување на фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер, но сумата од 90 милиони евра го поколеба менаџерот на Челси.

Сега „сините“ се поблиску до ангажман на фудбалерот на Интер кој настапува како позајмен играч во бразилскиот Фламенго, Габриел Барбоса, популарниот „Габигол“.

twitter/Flamengo

Интер е подготвен да го пушти Барбоса во Челси за 30 милиони евра, сума која му одговара и на англискиот тим, но ќе се обиде да ја намали со вклучување на Оливие Жиру како дел од трансферот.

Третото последно засилување кое се надева Лампард дека ќе го реализира, е фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха. За него Челси мора да плати најмалку 80 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот