Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило

Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници.

Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река”.

– Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен” се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Планинарот бил најден без повреди и во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот