Пит Бутиџиџ – младиот претседателски кандидат кој ветува смена на генерации во американската политика

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Според пишувањата на „Њујорк тајмс“, она по што уште Бутиџиџ се разликува од останатите кандидати во трката е тоа што е прв кој отворено се има декларирано како хомосексуалец, и исто така прв кој планира директно од позиција на градоначалник да се пресели во Белата куќа.

Меѓу претставниците на американските демократи кои се натпреваруваат за местото кандидат за претседател на САД особено внимание кај медиумите привлече Пит Бутиџиџ (38).

Тој својата кампања ја гради на идејата за промена на генерациите во Белата куќа.

До почетокот на својата кампања за претседателски кандидат во јануари 2019 година, Бутиџиџ беше релативно непознат градоначалник во сојузната држава Индијана, во градот Саут Бенд со нешто повеќе од 100.000 жители, пренесува „Њујорк тајмс“.

Школуван е на Харвард, а потоа и на Оксфорд благодарение на стипендија, за потоа да стане разузнавачки офицер во резервните сили на Морнарицата и консултант во фирмата „Мекинси“.

Бутиџиџ во политиката влезе на почетокот на 2017 година кога, иако неуспешно, се кандидираше за место за претседател на Демократскиот национален комитет.

Како најмлад меѓу демократските кандидати за претседател на САД, тој ветува дека ќе изгради мост кон новата ера на американската политика.

Се издвојува и како прв кандидат кој се залага за зголемување на бројот на судии во Врховниот суд на САД, а се покажа и како еден од највештите во собирањето на средства за својата кампања.

Според пишувањата на „Њујорк тајмс“, она по што уште Бутиџиџ се разликува од останатите кандидати во трката е тоа што е прв кој отворено се има декларирано како хомосексуалец, и исто така прв кој планира директно од позиција на градоначалник да се пресели во Белата куќа.

Бутиџиџ во 2018 година се венчаше со својот партнер Честејн Глезман, наставник од сојузната држава Мичиген, кој оттогаш стана многу активен во неговата кампања, собирајќи средства и настапувајќи на настани ширум САД за промоција на кампањата на неговиот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот