Пиронкова против Вилијамс во четвртфиналето на УС Опен (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Серена Вилијамс по 15 пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на „УС Опен“, совладувајќи ја грчката тенисерка Марија Сакари со 2:1 во сетови (6:3, 6:7, 6:3).

Американката направи брејк во првиот сет за предност од 4:2, подоцна и триумф со резултат 6:3. Во вториот сет се играше тај-брејк кој го освои Сакари со 8:6 во поени за израмнување. Интересен е податокот кој вели дека Сакари триумфираше годинава на сите досегашни тај-брејкови.

Можеше да направи и целосен пресврт на мечот, поведе со 2:0 во гемови во третиот сет, но потоа Вилијамс покажа зошто е една од главните фаворитки за титулата и по 53 пат се пласираше во четвртфиналето во еден од грен слем турнирите. На тој начин се израмни со Мартина Навратилова, и пред нив е само Крис Еверт со 54 пласмани.

За пласман во полуфиналето Вилијамс ќе игра против Цветана Пиронкова од Бугарија која ја елиминираше Елиз Корне (Франција) со 6:4, 6:7 (5) и 6:3.

Познати се уште две четвртфинални двојки во женска конкуренција, Бреди-Путинцева и Осака-Роџерс, а последната ќе ја дознаме по одигрувањето на осминафиналните дуели Азаренка-Мухова и Мертенс-Кенин.

Кај мажите денеска заврши мечот помеѓу Васек Поспишил и Алекс Де Минаур во кој подобар беше Австралиецот со 3:0 во сетови 7:6 (6), 6:3 и 6:2. Де Минаур во следната фаза ќе игра против Доминик Тим од Австрија кој со 7:6 (4), 6:1 и 6:1 го надигра Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Познати се уште две четвртфинални двојки, Карењо Буста против Шаповалов, а Чориќ ќе ги одмери силите со А. Зверев. Последниот пар ќе го дознаеме по завршувањето на мечевите Беретини-Рублев и Тиафо-Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот