Драган Стојковиќ - Пикси/фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Пикси со емотивно писмо се прости од репрезентацијата

Фудбалскиот сојуз на Србија денес и официјално потврди дека Драган Стојковиќ – Пикси повеќе не е селектор на сениорската репрезентација. Заминувањето доаѓа по поразот од Албанија во Лесковац, а се очекува во следниот период да биде назначен неговиот наследник.

Пикси, кој го водеше националниот тим повеќе од четири години, се обрати до јавноста со емотивно проштално писмо, потенцирајќи дека зад себе остава историски остварувања.

„По четири и пол години повеќе не сум селектор на А-репрезентацијата на Србија. Ми беше чест и привилегија да го водам националниот тим. Заедно постигнавме историски резултат – по 24 години изборивме настап на две големи натпреварувања едно по друго. Целта што си ја поставив како селектор – ја остваривме“, вели Стојковиќ.

Тој со посебни емоции се потсети на триумфот во Лисабон против Португалија, кој го нарече „еден од најсреќните моменти во животот и во историјата на српскиот фудбал“, како и на пласманот во А-дивизијата на Лигата на нации.

„Им се заблагодарувам на сите играчи, членовите на стручниот штаб и вработените во федерацијата. На мојот наследник му посакувам среќа и успех, а на ФСС му порачувам – само со единство и поддршка може да се оди напред. Во мене секогаш ќе имате сојузник и навивач,“ порача Пикси.

Во медиумите веќе се шпекулира со можни наследници, а меѓу имињата кои се споменуваат се Владан Милојевиќ, Дејан Станковиќ и Вељко Пауновиќ.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот