Фото: МИА / архива

Пијан кавадарчанец бил агресивен кон полицајци, му измериле 3,13 промили алкохол

Кавадарчанец бил уапсен откако агресивно се однесувал кон полицајци, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Како што соопштуваат од СВР Велес, вчера во 12:15 часот, полицијата од ОВР Кавадарци го уапсила 43-годишниот Т.С. од Кавадарци, на улицата „Миле В’чков“ во градот, поради агресивно однесување кон полицајците кои биле на должност.

Кај Т.С. биле измерени 3,13 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот