Логан Пол и „Кеј-Ес-Ај“ / Фото Твитер Прајм

Пијалокот на Логан Пол и „Кеј-Ес-Ај“ „под лупа“ на американскиот Сенат

Водачот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, ги повика регулаторите да го истражат енергетскиот пијалок промовиран од познатите јутубери „Кеј-Ес-Ај“ и Логан Пол. Шумер тврди дека пијалокот е наменет за деца и покрај неговата висока содржина на кофеин. „Прајм Енерџи“ содржи 200 мг кофеин по лименка, што е речиси двојно повеќе од ривалскиот енергетски пијалок „Ред Бул“, пренесува „Би-Би-Си“.

Секој пијалок носи предупредување дека не се препорачува за деца под 18 години. Сепак, Шумер тврди дека „Прајм Енерџи“ бил спакуван и продаван „во речиси идентична форма“ како пијалокот без кофеин од брендот „Прајм“.

Како резултат на тоа, некои родители несвесно купиле кофеински пијалок за своите деца, изјави тој за новинарите во Њујорк во неделата.

„ФДА мора да го истражи „Прајм“ за неговата апсурдна содржина на кофеин и нејзиниот маркетинг насочен кон децата на социјалните мрежи“, рече тој подоцна на Твитер.

Во 2022 година, Логан Пол и „Кеј-Ес-Ај“ – кои заедно имаат околу 48 милиони следбеници на „Јутуб“ – го лансираа пијалокот „Прајм Хајдрешон“, кој не содржи кофеин. Тој пијалок брзо стана онлајн сензација, предизвикувајќи долги редици, па дури и немири во продавниците низ САД и Британија.

Пијалакот „Прајм Енерџи“ со кофеин беше лансиран во јануари оваа година. Компанијата ја промовира како без шеќер и веганска.

Во предупредувањето на секоја лименка од пијалокот стои дека не се препорачува за деца под 18 години, луѓе кои се чувствителни на кофеин, трудници или жени кои дојат.

Некои училишта ширум светот испратија предупредувања за „Прајм“ пијалоците, а некои целосно ги забранија.

Претходно оваа година, основното училиште Милтон во Њупорт, Велс испрати порака до родителите предупредувајќи ги да не ги мешаат кофеинските и безкофеинските верзии на пијалокот откако на еден ученик му се слошило надвор од училишните часови.

Во меѓувреме, државното средно училиште Мериборо во Квинсленд, Австралија издаде забрана за енергетските пијалоци.

„Постојат некои нови енергетски или хидратантни пијалоци кои неодамна се појавија на пазарот. Некои од нив имаат 4 пати повеќе кофеин или стимуланс како „обични“ енергетски пијалоци“, се вели во објавата на училиштето на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот