Петто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

lazarovkiril7.com

На ова издание петто по ред, лако и претходните четири и годинава кампот се одржува во две смени и истиот има интернационален карактер, со учество на над 380 деца од 13 земји.

Кампот го отвори најдобриот македонски ракометен репрезентативец Кирил Лазаров, а како гости пристигнаа уште неколку познати ракометни имиња.

Како што и вели Лазаров овие деца после кампот ќе бидат побогати со нови знаења, пријателства и убаво животно искуство.

lazarovkiril7.com

Станува збор за Верољуб Косовац и екс германскиот репрезентативец и поранешен соиграч на Лазаров во францускиот клуб Нант, Доминик Клајн.

Во наредниот период се очекува да присуствува и дел од останатите наши репрезентативци, како и тренери од Данска и Шведска специјализирани за работа со млади категории.

facebook.com/handballcampkirillazarov7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот