„Петрунија“ и донесе нова награда на Теона Стругар Митевска – Слободен печат
ВестиКултура

„Петрунија“ и донесе нова награда на Теона Стругар Митевска

Германската дистрибуција на Петрунија започнува во ноември

„Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска и ја донесе главната награда на филмскиот фестивал во Минхен, Five Leakes Film festival, наградата за режија.

,,Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5 000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија започнува во ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close