Петровска во посета на Киев: С. Македонија дава недвосмислена поддршка за суверенитетот и интегритетот на Украина

Славјанка Петровска во посета на Украина, ФОТО, Фејсбук

Министерката за одбрана на С. Македонија Славјанка Петровска по повод една година од започнувањето на руската инвазија на Украина, замина во официјална посета на Киев во знак на поддршка на земјава во однос на властите во Киев за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата. Таа во својата објава на Фејсбук напиша дека денес ќе оствари средби со преставници на официјален Киев.

– Пристигнав во Украина, земјата која една година го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Денеска ќе имам средби со претставници на официјален Киев, на кои ќе им ја пренесам јасната и недвосмислена поддршка од Северна Македонија за суверенитетот на Украина и правото на самоодбрана – напиша македонската министерка за одбрана Петровска на својот фејсбук профил.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот