Петровска: Обвинителите прават пропусти, но поминуваат со укажувања

Наталија Петровска, Фото: Архива

Досега доставените претставки до Советот на јавни обвинители немаат постигнато ефект во смисла на ставање крај на заглавените предмети во фиоки, тврди и директорката на „Коалиција – Сите за правично судење“, Натали Петровска.

Таа вели дека според последниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители, во текот на проверките на наводите во претставките воочени се пропусти во постапувањата на јавните обвинители од формална природа, а во мал дел и пропусти од суштинска природа.

– Од Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители, во 2019 година поднесени се 170 претставки од граѓаните, но сепак нема податок колку од тие претставки биле прифатени како основани, а колку не. Од повисоките јавни обвинителства им е укажано на обвинителите во иднина да не се повторуваат вакви повреди, меѓутоа е констатирано дека тие не биле од влијание на законитоста на донесени одлуки – додава Петровска.

Според неа дигитализацијата и екипираноста во истражните центри е нешто што одамна требало да се воспостави, односно постои уште од носењето на „новиот“ Закон за кривична постапка, кој се применува од 2013 година.

– Практиката на СЈО покажа дека воспоставување истражни центри во рамките на јавните обвинителства се особено ефикасен механизам во водењето на истрагите, особено од областа на економскиот криминал и финансиското работење – заклучува Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот