Петрески: Пораст на друштвените игри, се случува вистински бум насекаде во светот

Дивижн Маркетинг студиото во соработка со Неотел не повикаа на проект друштвените игри да се играат он-лајн. Има една платформа boardgamearena.com, на кој што може бесплатно да се регистрирате и да играте игри кои вие ќе ги одберете, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Самоил Петрески од „Гоблин“.

До сега има стотици играчи пријавено. Денеска во 7 часот почнуваме. Се игра едно до две кола, продолжува утре во исто време, за во недела да се играат финалињата, додава Петрески.

Друштвените игри се хит насекаде во светот.

Јас и моето друштво сме со друштвените игри уште од деведесетите. Не беше целта профит. Гоблин е отворена 2003 година и од тогаш работиме со друштвени игри и сложувалки. Кога се рашири он-лајн играњето сите мислеа дека луѓето ќе се префрлат на овој начин на играње, но тоа многу кусо траеше. Напротив луѓето се заситија од седењето пред монитор и увидоа дека не е добро и здраво таква навика. Сега има пораст на друштвените игри и се вистински бум насекаде во светот, вели Петрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот