Петмина повредени во сообраќајка во Скопје

Полиција/ фото МВР

Синоќа околу 23 часот на крстосница на булеварот „Илинден“ и улицата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Н.Л.(26) од Скопје и возило „шкода“, управувано од И.Ј.(31) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот Н.Л., како и неговиот сопатник Г.А.(30) од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот И.Ј. и неговите сопатници И.Ч.(28) и Н.Ј.(28), двајцата од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот