Петгодишно дете од Романија преживеало три дена само во шума полна со мечки
Петгодишно дете е пронајдено живо во шума во близина на градот Себеш, во романската област Јужна Трансилванија, по опсежна тридневна потрага. Тома-Александро Зерестеа, попознат како Алекс, исчезнал во понеделник минатата недела. Според информациите, таткото накратко го изгубил детето од видот додека поправал ограда, по што детето навлегло во густата шума и му се изгубила секоја трага, објави „Мирор“.
Препорачано
Во потрагата по малото дете биле вклучени речиси 500 луѓе, меѓу кои полицајци, пожарникари, планински спасувачи и голем број доброволци.
Овој регион, кој се наоѓа во подножјето на Јужните Карпати, се смета за исклучително опасен бидејќи е живелиште на најголемата популација на кафеави мечки во Европа, а нападите врз луѓе се редовна појава.
По три дена неизвесност, детето било забележано од екипаж на воен хеликоптер на една полјана, на околу два и пол километри од местото каде што последен пат било видено. Кога го нашле, детето било измрзнато и во состојба на хипотермија.
Петгодишното дете веднаш е префрлено во болница каде што закрепнува под надзор на лекарите.
Полнач за телефон ќе предизвикал трагедија — баба, дедо и внуци спасувале жива глава во Белград
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
55сек
-
12мин
-
26мин
-
45мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


