Петарди / фото: архива

Петарда му ја разнела раката на 8-годишно дете од Врапчиште

Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Детето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Гостивар од каде е пријавен случајот во полиција.

По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

„На 29.12.2025 во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда“ соопшти МВР.

Во тек се полициски контроли низ повеќе градови за нелегална трговија и поседување пиротехнички средства. Полицијата повторно апелира употребата на пиротехника да се избегнува, особено кај деца и малолетници, бидејќи законот ја ограничува продажбата и употребата, а последиците може да бидат сериозни и трајни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот