Петар три дена го нема: Над 100 полицајци, хеликоптер и доброволци во потрага по момчето

Фото: Фејсбук

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв”, ловното друштво „Мукос”-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

– Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, стои во апелот од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот