Пет минути гледаа ВАР и направија грешка! (ВИДЕО)

Крилото на Твенте, Валцав Черни ја затресе мрежата на Гронинген во 11 минута, но после петминутниот преглед на снимката само судијата во ВАР собата „виде“ дека 22-годишниот Чех се наоѓа во офсајд.

Колку може да биде неверодостоен ВАР системот, најдобро се виде вечерва на натпреварот во рамките од холандската Ередивизија. Секако, ваквите спорни моменти се решаваат преку одлуките кои ги донесуваат луѓето внатре во ВАР собата, во овој случај направена е грешка, а кој знае, можеби и „намерна“, сами проценете..

За среќа на домашната екипа, таа неправда не го чинеше, бидејќи на крајот од средбата славеше со конечен резултат 3:1.

Правдата беше целосно задоволена од фактот што токму Черни го постигна водечкиот гол за 1:0.

Прочитајте и...  Голманот на Евертон без казна за повредата на Ван Дајк!

Твенте со овие три бода изби на првото место во генералниот пласман, со бод и натпревар повеќе од Херенвен, Ајакс, ПСВ и Витесе.

Поврзани вести

Омилениот ММА борец на Трамп повторно го нападна Леброн Џејмс (ФОТО)

Слободен печат

Реакцијата на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед (ВИДЕО)

Слободен печат

Ливерпул во јануари задолжително да го купи Упамекано

Слободен печат

Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пирло: Дибала е голем шампион и наскоро ќе биде на терените!

Слободен печат

Ѓоковиќ го стигна Надал и запиша нов рекорд

Слободен печат

Остави Коментар