Пет лица сексуално злоупотребувале малолетничка во Велес и изготвувале порнографски материјал

Фото: Profimedia

Спроведена е истражна постапка за четири лица од Тетово и едно од Велес кои сексуално злоупотребиле малолетничка и изготвувале порнографски материјал.

– Првоосомничениот од Велес, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година со закани над жртвата им овозможил на останатите осомничени да вршат полови дејствија со жртвата по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Во декември 2021 година осомничениот од Велес остварил комуникација со жртвата преку Инстаграм и по неколку дена континуирана комуникација стекнал доверба кај неа, доведувајќи ја во заблуда да започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, информира Основното јавно обвинителство.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, како што се наведува во соопштението присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка со решение определи мерка притвор за четворица осомничени и куќен притвор за еден осомничен. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот