Струга/Фото: МИА

Пет книги влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци” на „Струшките вечери на поезијата“

Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци” на СВП за 2025 година одржан на 18 јули 2025 година По завршување на првата, поединечна фаза на работа, во согласност со Правилникот за наградата, Во текот на првиот дел на состанокот, во согласност со Правилникот, едногласно ја усвои следнава листа на потесен избор од пет поетски книги (наведени по азбучен ред, според презимето на авторот):

– „Рубедо” од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025)

– „Рајсфершулс” од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024)

– „Маслина и младост” од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025)

– „На ти со Ерос и Танатос” од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025)

– „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет” од Бранко Цветкоски (Скопје: Макавеј, 2025)

На конкурсот пристигнаа 37 книги од исто толку автори, кои влегоа во конкуренција.

Согласно планираните програмски активности, читањето на застапените автори во потесниот избор ќе биде на 22 август, додека добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува СВП ќе биде прогласен на 23 август. На конкурсот пристигнаа вкупно 35 наслови. Покрај паричниот износ, како дел од наградата од 2012 година во издание на СВП наредната година наградената книга ја објавува во превод на еден странски јазик и ја претставува преку промоција и портрет на добитникот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот